Македонски
Англиски
Kutura претвара таленти во креативни експерти спремни за дигиталниот свет.
Kutura е дигиталната академија што ја води Thrasker — креативна агенција со искуство во развој на веб и софтверски решенија, маркетинг, дизајн UX/UI, и дигитален раст. Додека Thrasker гради брендови, ние градиме луѓе што знаат да создадат вредност во дигиталниот свет.
Започнуваме во Македонија со јасна цел: да понудиме практични, фокусирани програми во веб девелопмент, дизајн и маркетинг. Сертифицирани. Препознаени. Поврзани со индустријата.
Kutura е создадена за оние што не сакаат само диплома — туку резултати, искуство и реална промена.
Да ги опремиме учесниците со вистински вештини за вистински предизвици. Преку структуриран процес на учење, воден од ментори и базиран на работа, создадовме програми што го приближуваат учењето до пазарот на труд.
Да изградиме нов модел на дигитална едукација што е релевантен, директен и применлив. Да понудиме сертификати што значат нешто — кај работодавци, фриленс клиенти и проекти што носат резултати. Да премостиме каде што формалното образование застанува.
Учењето треба да има поента. Затоа во Kutura не се губиме во теорија, туку се фокусираме на практични вештини, реални проекти и знаење што ти носи шанса за вистинска работа.
Теоријата не ја прескокнуваме, ама не е доволна. Работиш на реални задачи и проекти што имаат тежина.
Секој модул е дизајниран според реалните потреби на пазарот — она што го бараат компаниите денес и утре.
Секој учесник е дел од заедница. Тука сме и откако ќе завршиш, ако ти треба совет, насока или нов чекор.
Вештините што ќе ги стекнеш не познаваат граници. Почнуваш тука, но можеш да продолжиш каде било.
Соработуваме со компании и професионалци. Тоа значи поддршка, препораки, контакти — и работа.
За оние што почнуваат од нула. За оние што сакаат да надградат. За оние што менуваат професија. Без оглед на предзнаењето, ако си сериозен/на околу тоа што следува во твојата кариера — тука си на вистинското место.
Во Kutura учиш она што навистина ти треба: практично знаење, вистински проекти и искуство што значи.
Без разлика дали штотуку почнуваш, се надградуваш, или градиш сопствен бизнис — ти помагаме вештините да ги претвориш во реална шанса за успех.
Програми направени со јасен план, ментори од индустријата и задачи што те подготвуваат за кариера во дигиталниот свет.
Една фиксна цена за шест месеци практична обука, спремна за реалниот свет.
Креирај смели визуели што го насочуваат вниманието.
Цена со ваучер
Дизајнирај искуства со корисникот во фокус.
Цена со ваучер
Создавај пораки што поврзуваат, ангажираат и продаваат.
Цена со ваучер
Изгради брзи, респонзивни и модерни веб-страници.
Цена со ваучер
Практични вештини. Реални проекти. Поддршка од експерти. Кариера што ја посакуваш започнува тука.