Македонски
Англиски
Добредојде во напредната програма за Графички Дизајн на Kutura — шестмесечен, практичена академија дизајнирана за современи креативци. Без разлика дали започнуваш од нула или сакаш да ги надградиш вештините и да влезеш во дизајн индустријата, оваа програма е направена да те подготви за работа — брзо и ефикасно.
Програмата се базира на реални проекти, алатки што се користат во индустријата и менторство од професионалци кои активно работат во дигиталниот свет — не само професори со дипломи.
Создаваш логоа, бренд идентитети и целосни визуелни системи
Содржини за социјални мрежи, дигитални реклами и печат
Како Photoshop, Illustrator, InDesign, и Figma
Научиш да го објасниш и презентираш својот креативен процес
Работиш на проекти за клиенти и добиваш вистински фидбек
Со проекти кои ќе те лансираат на пазарот
Поглед на модулите низ кои ќе поминете за време на програмата:
Предавањата се одржуваат во студио просторот на Thrasker.
Сите предавања се снимаат и се достапни за повторно гледање на твојот Kutura профил – гледај кога и колку што сакаш.
Научи како да станеш вистински професионалец. Соработувај со колеги на неделни предизвици, презентирај идеи и наоѓај решенија, како во реалниот свет.
Вклучува 2 индивидуални сесии неделно со искусен дизајнер. Закажи преку Calendly или платформа по избор – совршено за брз напредок и личен фидбек.
Апликациите се веќе отворени.
Бројот на места е ограничен — обезбеди си место во следната група за графички
дизајн.