Македонски
Англиски
Академијата на Kutura за UI/UX дизајн е интензивна шестмесечна програма што те подготвува за кариера во дизајн на дигитални продукти. Без разлика дали штотуку започнуваш или менуваш насока, оваа програма ќе ти ги даде токму оние вештини што ги бараат компаниите – преку работа на реални проекти, менторство од искусни професионалци и практична, директна настава.
Оваа програма оди подлабоко од екрани и естетика — ќе учиш како да решаваш вистински проблеми за вистински луѓе, користејќи ги истите процеси и алатки што ги користат дизајнерите ширум светот.
Дизајнираш интуитивни и визуелно атрактивни апликации, веб-страници и платформи
Спроведуваш UX истражувања и градиш user flows, wireframes и прототипи
Совладаш алатки како Figma, Adobe XD и UI сетови
Работиш на реални проекти за клиенти и спроведуваш тестирање на употребливост
Комуницираш со реални клиенти, решаваш нивни проблеми и учиш да даваш/примаш фидбек
Изградиш силно портфолио и се подготвиш за интервјуа во UI/UX индустријата
Поглед на модулите низ кои ќе поминете за време на програмата:
Предавањата се одржуваат во студио просторот на Thrasker.
Сите предавања се снимаат и се достапни за повторно гледање на твојот Kutura профил – гледај кога и колку што сакаш.
Научи како да станеш вистински професионалец. Соработувај со колеги на неделни предизвици, презентирај идеи и наоѓај решенија, како во реалниот свет.
Вклучува 2 индивидуални сесии неделно со искусен дизајнер. Закажи преку Calendly или платформа по избор – совршено за брз напредок и личен фидбек.
Пријавувањето е отворено!
Бројот на места е ограничен — обезбеди го твоето.